Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 451 возач.

Од нив, 38 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 164 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 287 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
20/09/2021 13:48