Голема трагедија е тоа што се случи во Тетово и очекувам државата преку институциите на системот да утврди што точно се случило, да се обединиме, а не да имаме политички препукувања на таа тема, изјави за „Утрински брифинг“ министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Говорејќи за капиталните инвестиции, како многу важен аспект во развојот на економијата, Бочварски вели дека поминавме период на ковид криза кога државата им помагаше на фирмите да опстојат и да ги задржат вработените, но сега е време кога преку капиталните инвестиции директно се помага, не да се даваат пари како помош и грантови, туку да се дадат средства за да се изработат проекти и обврски.

– Овој систем кој што го воведе Владата со водење на грижа за процентуалното покачување на инвестициите преку квартали, сметам дека дава дава резултат заради тоа што прави секој ресорен министер да го крева нивото на капитални инвестиции. Она што ние го имаме како податок досега, инвестициите во Министерството за транспорт и врски се високи над 55 проценти. На автопатот Кичево – Охрид се работи. Моментално имаме дополна на Законот во Собрание. Согласно динамиките и разговорите со надзорниот орган и изведувачите, со една една добра динамика да се стигне 31.12.2023 година. Нема ни ден за губење, работата мора да се заврши. Апелирам овој Закон веднаш да помине во Собранието, рече Бочварски.


Администратор
20/09/2021 15:49