Граѓаните масовно се попишуваат, а бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС) на прашање на МИА во врска со тврдењата дека има бојкот на пописот.

– Дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот, посочуваат од Заводот.

Од ДЗС посочуваат дека казни не се пишуваат, бидејќи за тоа нема потреба.

– Попишувачите и граѓаните на терен соработуваат одлично, додаваат од Заводот во одговорот за МИА.

Според податоците на ДЗС до вчера до 20 часот вкупно биле попишани 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови, а можноста за самопопишување во странство досега ја искористиле 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.


Администратор
20/09/2021 16:32