Во рамки на Европската недела на мобилност 2021 на три локации на езерото „Младост" поставени се нови велосипедски станици (држачи за велосипеди), кои ги изработи јавното-комунално претпријатие „Дервен".

– Оваа активност е дел од седумдневните настани со кои Општина Велес годинава ја одбележува Европската недела на мобилност 2021, која ќе биде заокружена на 22 септември со реализација на завршниот настан кога ќе се одбележи Денот без автомобили, информираат од Општина Велес.

Поради временските услови, дел од велосипедските држачи ќе бидат поставени во наредниот период.


Администратор
20/09/2021 16:36