Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, вечерва во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје беше отслужена празнична вечерна богослужба.

Вечерната молитва е проследена со литија околу централното градско подрачје.

Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Свештенството од храмот Рождество на Пресвета Богородица, ги повикаа сите верници учесници на овој торжествен молитвен собор, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот ковид – 19.


Администратор
21/09/2021 00:14