Во рамки на континуирани активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, вчера од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаци.
При акциската контрола биле откриени и санкционирани 19 прекршоци. Сите пешаци небезбедно ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини. При контролата, исто така, санкциониран е уште еден прекршок, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Портпаролот информира дека деновиве во Тетово и Гостивар се реализираат и засилени активности околу паркирањето, посебно на улиците кои водат кон училиштата, но и во централните градски подрачја.
– Погрешно паркираните возила и пред се оние кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, возила или пешаци, веднаш се санкционираат и подигнуваат од „пајак-службите“. Во наредниот период ваквите активности уште повеќе ќе се интензивираат. Само вчера (21 септември) во Тетово и Гостивар биле подигнати десетина погрешно паркирани возила, информира портпаролот Јосифоски.