„Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“, е темата на тркалезната маса што ја организира денеска Националниот Сојуз на глуви и наглуви по повод 23 Септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.
На тркалезната маса е најавено присуство на преставници од неколку здруженија на глуви и наглуви и од Комисијата на знаковен јазик, професори, како и владини и меѓународни претставници.
При одржувањето на тркалезната маса ќе бидат запазени сите КОВИД-протоколи.