Поранешниот американски полицаец Дерек Шовин поднесе жалба против пресудата за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во 2020 година.

Според судски документи објавени вчера, Шовин поднел жалба на 14 точки од пресудата изречена на 25 јуни во Минесота.

Тој посебно се пожали дека судијата не наредил изолација на поротниците за време на судењето.

Убиството на Џорџ Флојд за време на рутинско улично апсење во Минеаполис предизвика протести низ Америка и светот против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД.


Администратор
24/09/2021 16:37