Во Младинскиот културен центар денеска и утре од 20 часот ќе биде изведена премиерата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василески, според најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард.

– „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошоорганизираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува, соопшти МКЦ.

Во претставата играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев и Тања Кочовска. Сценографија и дизајн на светло – Мартин Манев, костимографијата е на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а автор на дизајнот на постер е Ана Јачева.

МКЦ информира дека изведбите на претставата се организираат согласно актуелните здравствени протоколи за организација на настани.


Администратор
26/09/2021 12:14