Во изминатите два дена, автомобилскиот клуб „Кастум Кар“ Рејсинг Тим од Скопје, на патеката во Кичево, втор пат организира “Track Days” . На натпреварот зедоа учество повеќе од 50 автомобили поделени во две дивизии. Во првата дивизија со поголем број учесници се натпреваруваа класични автомобили, додека во втората дивизија учествуваа спортски автомобили петнаесеттина на број, потврди Миле Делев, технички организатор на овие трки.
– Викендов на автодромот во Кичево по втор пат организираме хепенинг за љубителите на автомобилизмот „Track Days”. На трките зедоа учество повеќе од 50 автомобили. Овие трки се организираат со цел да се потврди дека улиците не се тркачки патеки, туку трките им припаѓаат на патеките специјално наменети за оваа намена. Во двете дивизии, зедоа учество повеќе од 50 автомобилисти, четириесетина во дивизија на класични автомобили и петнаесетина во трка на спортски автомобили. Автомобилите за да финишираат требаше да поминат 20 кругови од патеката на Кичевскиот автодром, со должина од 2060 метри, истакна Миле Делев од тимот„ Кастум Кар“ Рејсинг Тим, технички организатор на трките.
Делев потсети дека за најдобрите во двете дивизии следуваа награди.