Наумоски во отчетот за „Посветено за Ѓорче“ заборави да ги спомене дека прво што направи за општината е зголемувањето на својата градоначалничка плата.

Наумоски посветено за Ѓорче потроши 1 милион денари за јадење, пиење и претставување на општината, си купи БМВ Х5-ка и на граѓаните на Ѓорче им рече „Па нема со магариња да патуваме“.

Наумоски е градоначалникот кој Посветено си го вработи првиот братучед во Централен регистар, а вработуваше партиски по списоци на СДСМ приоритетно. Тој во изборната кампања ветуваше градинки, развој на театарската уметност, кино, отворен и затворен базен и од сето тоа изгради голема НУЛА.

Наместо грижа за животната средина и обезбедување на граѓаните на Ѓорче Петров поквалитетен воздух, Наумоски ја намали сумата за одржување на зелени површини за половина, но затоа направи незавршено корзо од 500.000 евра на сопствениот имот, кој впрочем никој и не го користи.

Наумоски посветено донесе ДУП во Хром со исцртани нови 100 згради и наместо воздух на граѓаните им испорача да дишат бетон.

Тој ниту го реши проблемот со депонијата во Ново село, ниту граѓаните од Орман, Никиштане добија канализација, ниту има катни гаражи спроти пазарчето. Во 21 век Наумоски ги остави граѓаните на Кучково во сред лето на 40 степени без капка вода и со пожари кои самите ги гаснеа.

Ѓорче Петров со Наумоски е под вода, кал се излева по улиците,а автомобилите пливаат при секој дожд.

Наумоски посветено ја уништи општината, повеќе од половина мандат го помина во градските меани, наместо да работи за подобар живот на граѓаните на Ѓорче Петров.

Овој градоначалник е пример за посветеното неработење.

Немало полошо за Ѓорче Петров од СДСМ и Наумоски.

Доаѓаат промени, а граѓаните на Ѓорче ќе одберат да создадат нова иднина, на градоначалниците како Наумоски им дојде крајот.


Администратор
27/09/2021 02:13