Организацијата за заштита на птиците – „Птичји живот“ (BirdLife Österreich) и Одделот за заштита на животната средина на Градот Виена ги објавија резултатите од пописот на птици во главниот град на Австрија. Во пребројувањето учествувале 1.280 граѓани и забележани се 8.500 птици.

Во однос на клукајдрвците и врапчињата, има 1.927 пријави. Во 1.457 записи, клукајдрвецот игра главна улога. Тоа е најчестиот вид птица и, во споредба со другите видови, продира најдлабоко до центарот на градот.

Клукајдрвецот го има во сите паркови во Виена, а и по некои од двровите. Покрај Големиот клукајдрвец, застапени се и Зелениот, Црниот, Црвеноглавиот и Планинскиот клукајдрвец.

– Како дел од проектот, девет од 10 европски видови клукајдрвци се откриени во Виена, што го потврдува угледот на Виена како „тајната престолнина на клукајдрвецот“ во Европа!, изјави Ева Карнер-Ранер во име на „Птичји живот“.

Се покажа и дека три четвртини од сите врапчиња живеат во грмушка, а многу малку се пронајдени на дрвја (10 отсто) или на ридовите (пет отсто). Покрај тоа, врапчињата се кријат и во пукнатините на старите згради.

– Овој попис покажува колку се важни дури и малите зелени скривалишта во урбаната средина за опстанокот на птиците, смета проект-менаџерот Јозеф Микоцки од Одделот за животна средина на Градот Виена.


Администратор
27/09/2021 03:20