Еко - здруженијата се разочарани од непосветеноста на градските власти во Тетово во еколошка смисла и за подобрување на квалитетот на воздухот.

-За жал сметам дека ништо подобро не е направено. Ниту во инфраструктурата, ниту во Општината ништо не е направено за да имаме помалку загадување. Се уште не е дојдено до гасификација на градот, се уште струјата не е поефтина, јавниот превоз до некаде функционира, но не е доволно ефикасен, вели Аријанит Џафери од „Еко герила“, за Алфа.

Локалната власт на чело со Теута Арифи буквално ја преспа пандемијата, вели Цафери. Не гледа надеж за промена која би ја направила зимата и воздухот во зима подобро место за живеење. -Нема некои порадикални мерки или поригорозни контроли и казни од страна на Инспекторатот. Затоа не верувам дека оваа зима ќе биде подобро. За жал тоа не придонесува за подобрување на пандемијата, бидејќи загадувањето помага во ширењето на вирусите, нагласува Џафери.

Инаку речиси секоја зима тетовските лекари алармираат дека белодробните и малигни заболувања во градот од година во година се се побројни а сериозен фактор е аерозагадувањето.