Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот имаат дел од корисниците од улицата „Тодор Александров" 165, Британската амбасада, Француската амбасада и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради санирање дефект на водоводна цевка со профил од 150 милиметри на улицата „Тодор Александров" 165.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со санација на дефектот.