Шанса за Центар заедно со своите поддржувачи ја почна кампањата за претстојните избори на кои сакаме да ја вратиме моќта таму каде што припаѓа – во Советот, кај граѓаните!

Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса за напредок!

Центар да стане општина по мерка на граѓаните, каде што политиките се кројат транспарентно и базирано на анализи и податоци, а квалитетот на животот на заедницата е појдовен принцип на размислување и дејствување.

Симболично првата средба со граѓаните ја започнуваме кај чешмичката во Паркот на новинарите, спроти поранешна Нова Македонија во еден од ретките зелени простори кои се на удар да ги загубиме. Тука со целосно застарено сообраќајно решение се планира огромен кружен тек покрај кој се исцртани нови и нови згради. Просторот за згради се протега и по зеленилото и по јавни површини како што се улици и паркинзи. Просторот е предвиден за градење и покрај тоа што се наоѓа на крстосницата која и сега е најголемиот топлотен остров во Центар, и каде во лето температурата на асфалтот достигнува над 60 целзиусови степени.

Промена на насоката во која се движи нашата општина постои. Тоа ќе се случи со голем број на советници на Шанса за Центар во Општинскиот совет, мотивирани и стручни граѓани, кои ќе ги застапуваат интересите на заедницата и широкиот јавен интерес.

Нашата кампања ќе се темели на вистина, на отвореност да ги слушнеме граѓаните, нивните размислувања, решенијата кои имаат да ги кажат и придонесат да бидат дел од креативната заедница. Ќе им се обраќаме секојдневно преку социјалните медиуми, но и со чести средби во сите маала во Центар, ќе бидеме достапни за нив и сега, како и секогаш.

Програмата која ја објавуваме ќе се темели на 4 основни столба за креирање „општина по мерка на граѓаните": Добро управување, Квалитет на живот, Зелен развој и Креативна заедница.

Шанса за Центар