Двајца пациенти во Ковид-центарот во Тетово починале во изминатите 24 часа, информираат од тетовската болница. Починатите се на 72 и 88 години.
Во Моментот Има Вкупно 15 Хоспитализирани, Од Кои 14 На Кислородна Поддршка И Еден На Неинванзивна Вентилација. За 24 Часа Се Направени 19 Прегледи Во Амбулантскиот Дел На Ковид Центарот. Примени Се Двајца Нови Пациенти, Информира Д-Р Миранда Пајазити.
Во Тетово според податоците на Институтот за јавно здравје активно болни има 932 лица. Од вкупно 10798 луѓе кои биле дијагностицирани со Ковид-19, починале 494 лица.