Водостојот на повеќето реки низ државата е под просекот за септември, освен на Вардар кај Демир Капија, Струмица кај Сушево и Бабуна кај Богомила, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Значително намалување под просекот имаат реката Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Вардар кај Јегуновце и Пчиња кај Пелинце.

Кај трите природни езера, нивоата на водостоите се движат околу просекот за септември.