Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со ОБСЕ и Полициско одделение Новаци, одржаа едукативно предавање со ученици од прво и второ одделение во ПОУ„Славко Лумбарковски"-Новаци.

Полициските службеници говореа на тема „Полицијата и граѓаните заедно" и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот", а во училишниот двор презентираа основни правила и прописи за учество во сообраќајот како пешаци.

На учениците учесници на едукативниот настан им беше поделен промотивно-едукативен материјал од ОБСЕ.