Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски денеска оствари средба со претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово ЗАПВАРС. Членовите на здружението, стои во соопштението, биле првите што излегле со јавна поддршка кога независниот кандидат Димитриевски ја најави неговата независна кандидатура. На средбата, тој се заблагодари што граѓаните ги препознаваат вредностите на граѓанскиот концепт „За Наше Куманово“.

Димитриевски денеска се сретна и со претставници од Регионалната занаетчиска комора Куманово, на која се дискутирало за промоција и развој на занаетчиството, како и други теми од оваа област.

-Занаетчиите се вредноста во нашето општество. Мора да се трудиме да направиме сè што е во рамки на нашата должност за да го подобриме овој сегмент, со повеќе стимулативни мерки и програми за развој. Со комората имаме одлична соработка, која продолжува и понатаму, истакна Димитриевски.