Кандидат за градоначалник на Охрид фрлаше со вегета по своите противкандидати – направи циркус од дебатата
Кндидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски, прави циркус од дебатата на ТВ24 каде што свое изборно претставување имаат тројцата кандидати за градоначалници
Ги посоли со вегета своите противкандидати, да замезеле со парите што ги украле и седеше со знамето од Вергина.
„Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета“, изјави тој.
Нудеше снимка од забите и резултати од анализа на крвта за докторите кандидати да му ги провереле, затоа што тоа им била работата. Неговата работа била да менаџира затоа што за тоа учел во Америка.
Видеото може да се погледне на следниов линк.