Советничката листа „Поинаку“ која во изминатиот мандатен период имаше двајца советници, повторно учествува на Локални избори.
Кандидатите на „Поинаку“ ќе продолжат со своите афирмативни и корегирачки политики, најави Габриела Илиевска, носителка на листата кандидати за членови на Советот на Општина Битола. – Чиста животна средина, добра инфраструктура и зголемен економски развој се приоритети на граѓаните, па затоа се и приоритети во нашата програма. Квалитетно образование, кариерни советувалишта, уредени паркови, велосипедски патеки, бројни културни манифестации, спортски сали,терени и настани, се само дел од она што е содржано во програмата која е изработена од битолчани. Остануваме доследни на тоа што одамна сме го ветиле, а тоа е дека ќе бидеме Поинакви од сите други, такви остануваме и понатаму, нагласи Илиевска.