Најпрво сакам да се заблагодарам за добиената поддршка и довербата која ми беше доделена да бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ за градоначалник на Општина Илинден.
Пред моите сограѓани од Илинден, настапувам со програма која е составена од проекти чија цел е да го подобриме животот во нашата општина.
Овие проекти се внимателно осмислени и направени во соработка со граѓаните на Илинден, а како најважни можам да ги издвојам следните:
- Изградба на фекална и атмосферска канализација, како и подобрување на водоснабдувањето во сите населени места во Илинден;
- Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, изградба на клучки и кружни сообраќајници;
- Изградба на здравствен дом, во кој ќе содржи примарна здравствена заштита и дежурна служба, отворање на школска амбуланта, како и набавка на амбулантно возило за брза помош со цел брзо и навремено давање итна помош на жителите во Илинден;
- Системската поддршка за спортистите, спортските клубови и здруженија, како и изградба на стадион со трибини и други спортско-рекреативни содржини, нови велосипедски, пешачки и трим патеки, како и доделување на 1000 субвенции за граѓаните за купување на велосипеди ќе биде наш врвен приоритет;
- Многу нови паркови и зелени површини во сите населени места, како и обврска од најмалку 30% зелени површини во сите идни урбанистички планови во општината;
- Развој на инфраструктурата во економските зони, како и отворање на нови зони, исто така ќе ни биде приоритет;
- Реконструкција на сите основни училишта, модернизација на образовниот процес, како и воведување на целодневна настава во ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден;
- Финансиска поддршка за младите брачни парови, формирање на младински совети и отворање на младински канцеларии;
Почитувани,
Само заедно со граѓаните можеме да создадеме нова, подобра иднина за нас и за нашите идни поколенија.
Еден градоначалник за да може да ја спроведе својата визија и програма, мора да ја има поддршката и од Советот на општината. Затоа, потребна е и поддршка за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.
Затоа, на 17 октомври, ги повикувам граѓаните, со заокружување на бројот 7, да го дадат својот глас за напредок, да гласаат за проекти, да гласаат за поубав, почист и поразвиен Илинден.