Во сабота на 2 октомври на терените во населба Дрма -Идризово, ќе се одржи првиот Октомвриски коњички турнир и 3.коло од Отвореното лига-првенство во прескокнување пречки.

Натпреварувањето е во организација на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и Коњичкиот клуб Анималс од Скопје.

На програмата се два натпревара во прескокнување со висина на пречките од 0,90 м до 1,20 м.