Новиот генерален секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, во доверливи разговори со земјите-членки ја промовира неговата идеја следната недела и формално да предложи приклучување во организацијата на уште шест земји, вклучувајќи ја и Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова најверојатно нема да биде предлог за членство во оваа највлијателна економска организација, туку јасен план за постигнувањата на земјата, бидејќи некои од критериумите веќе се исполнети од бугарските власти.

Формулата, која со години е поддржана од Европската Унија, е да се понуди одобрување за членство на три источноевропски и три латиноамерикански земји. Сега тоа би биле Бугарија, Романија, Хрватска, како и Бразил, Аргентина и Перу.

Овој чекор може да се преземе на министерскиот состанок во седиштето на организацијата во Париз, на 5-6 октомври.