Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави обновување и повторно ставање во употреба на спортската сала Партизан во Карпош 4.

-Партизан повторно ќе биде во употреба граѓаните. Нема на никого да се издава. Со него ќе стопанисува локалната самоуправа и ќе биде се бесплатно за да можат најмладите и сите граѓани да се рекреираат, најави Јакимовски.

Потсети дека во изминатите години иако беше ветувано обновување на салата од страна на градоначалникот Стефан Богоев, Партизан остана уште едно големо нереализирано ветување актуелната локална власт.