Кандидатот за градоначалник од коалицијата „Одлучно“, Горан Милевски оствари средба со битолските ди-џеи, кои како што рече како категорија се едни од најзасегнатите во ова време на корона.
Младите луѓе, кои емитуваат најразновидна музика, искажаа незадоволство од незаинтересираноста на надлежните органи за нивната ситуација и немањето на слух за решавање на нивните проблеми, рече Милевски.
– Во градот недостига простор, каде што ќе можат да творат, да се организираат културно-уметнички манифестации. Недостига отворена сцена каде би се организирале разни концерти од отворен тип и организација на фестивал во кој би биле ангажирани артисти од битолската музичка сцена. По мојот избор за градоначалник, овој проблем во Битола ќе биде минато, истакна Милевски, кандидат за градоначалник од коалицијата ОДЛУЧНО.