Центарот за еднакви можности „Бубамара“ денеска напладне ја организира изложбата „Од инбокс, во плоштад“ која ќе биде поставена на плоштадот Илирија во Тетово и во просториите на CBC LOJA во 19 часот.

Изложбата се реализира во рамки на кампањата „SEEN“ и се имплементира како дел од проектот Млади Градови Young Cities& Democracy Lab. Целта е да се мотивираат и охрабрат жените и девојките да пријавуваат малтретирање со кое се соочуваат преку социјалните медиуми.