Студенти од Факултетот за уметност, уметници кои работат со подвижна слика, студенти од Факултетот ЕСРА, и студенти од Факултетот за драмски уметности денеска ќе имаат можност да учествуваат на онлајн работилница за продукција на дела со подвижни слики.
Работилницата ќе ја води уметникот и експериментален филмски режисер Бен Риверс.
Риверс (1972) е уметник и експериментален филмски продуцент кој живее во Лондон, Англија. Неговата работа е прикажана на филмски фестивали и галерии низ целиот свет и има добиено бројни награди. Работата на Риверс опфаќа различни теми, од истражувања на непознати територии во дивината до искрени и интимни портрети на субјекти од реалниот живот.