Движењето „Одлучно за промени“ на политичките партии ЛДП и ДОМ продолжува со активности за изборниот караван 2021. Вечерва од 19 часот е предвиден да се одржи во центарот на Радовиш кај Рибичката.

На промоцијата вечерва ќе говорат, кандидатот за градоначалник на Општина Радовиш, Герасим Гавритов и кандидатот за носител на листа Страхил Гавритов, свои онраќања ќе имаат и претседателите на двете партии Горан Милевски и Маја Морачанин.

„Одлучно за промени“ својот караван го започнаа во Скопје, потоа одржаа средби и промоции во останатите општини Виница, Берово, Кисела Вода, Зелениково, Ранковце, Струмица, Крушево, Прилеп, Кичево, Демир Хисар како.