Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:30 до 14:30 часот часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Методи Андонов Ченто“, левата страна од патот на потегот од „Еуро Империјал Маркет“ до Грос Маркет, општина Гази Баба.

Во периодот од 09:15 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Раштак“ и „4“ во село Раштак, како и сите објекти во околината на игралиштето и патот кон село Љуботен, општина Гази Баба.