Подобра патна инфраструктура, водоводна мрежа, канализација и решенија за проблемите со кои се соочуваат жителите на селата Равен, Вруток и Речане ветија кандидатите за членови во општинскиот совет и градоначалник на предизборните средби.
Синоќа, актуелниот градоначалник Арбен Таравари на овие избори побара уште еден мандат за Гостивар, напоменувајќи во обраќањето дека и во иднина ќе раководи со општината одговорно, како што правел во изминатите четири години.
– Општина Гостивар е најтранспарентна институција со која раководи Албанец во Република Македонија и дека нивото на корупција во Гостивар е пониско отколку во сите други општини. Ние ќе победиме затоа што ги имаме луѓето на наша страна, потенцираше Таравари.
Во селото Равен, тој се осврна на програмата за следниот мандат со која се предвидени: водоводна мрежа од 2,5 километри, довршување на канализацијата поправки на локални улици
Носителот на листата за советници од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, Ваљбон Лимани од присутните побара поддршка и да го заокружат бројот 6 за да се остварат нивните очекувања
– Ве покануваме повторно и достоинствено да излезете на избори на 17 октомври, да гласате за бројот 6, за нашиот сегашен и иден претседател Арбен Таравари и да гласате за листата на советници. На тој начин вие ќе имате претставници какви што заслужувате во следните четири години, рече Лимани.
Обраќања пред членството и симпатизерите имаа претседателката на Форумот на жени од АА и кандидатот за советник Беса Мухареми и кандидатот Фатон Абдулаи.