Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Иван Јорданов и кандидатите за советници од населбата Баби, Марија Атанасова и Дејан Здравков, преку видео прес-конференција ги презентираа проектите за населбата „Баби".

Јорданов рече дека во нивната Програма посебен акцент е ставен на населбата Баби. Најавија изградба на голем парк и проширување на капацитетот на градинката во населбата.

-Во оваа населба промените ќе ги направиме заедно со жителите, со чисто срце и со голема мотивација ќе креираме урбана и модерна инфраструктура и ќе создадеме нова иднина за Штип, вели Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип Јорданов и кандидатите за советници вечерва имаат средба со граѓаните во населбата Баби.