Во Делчево е распишан литературен конкурс по повод Месецот на книгата. Директорката на Јавната локална библиотека информираше дека конкурсот ќе биде отворен до псоледната недела од октомври.

-Во рамки на активностите за одбележување на Месецот на книгата, распишавме конкурс на тема „Сабји нека ти бидат мислите, а книгата целта“. Право на учество имаат сите ученици од двете делчевски деветолетки „Ванчо Прке“ и„Св.Климент Охридски“, кои ќе може да се пријават најдоцна до 25 октомври 2021 година, рече Петровска.

Трворбите треба да бидат со шифра, ставени во плик и предадени на наставниците по македонски јазик.

-Најдобрите творби поезија и проза ќе бидат наградени. Упатуваме отворен повик до сите љубители на пишаниот збор да се пријават и со своето учество да дадат свој придонес во одбележувањето на месецот на книгата, додаде Петровска.

Од библиотеката воедно информираа дека во септември регистрирале 38 нови членови, а поради почетокот на школската година, најбарани се лектирните изданија.