Носителот на советничката листа за кандидати на членови во советот во Општина Аеродром на Левица Дарко Масларковски заедно со членови на партијата имаа средби со граѓани на општината. Масларковски во изјава за медиумите рече дека Аеродром е бастион на Левица и оти тоа ќе се покаже на Локалните избори на 17 октомври.

-Се наоѓаме овде во срцето на Аеродром, меѓу луѓето од каде што сме и ние. Приемот е одличен. Ја делиме нашата програма, нашите ударни точки. Аеродром е бастионот на Левица и тоа ќе се покаже на овие избори. Се надеваме на победа и се надеваме на промени бидејќи народот тоа го заслужува. Реакциите се одлични, рече тој.

Масларковски ги покани сите членови и симпатизери на Левица да дојдат утре на првиот митинг на партијата, на фонтаната Лотус, кај сепариња, во Градскиот парк.

-Во 13 часот дојдете да слушнете за што се бориме. Се бориме за народот, ние сме дел од народот. Нека му ја мислат другите, рече кандидатот на Левица. На утрешната прва скопска средба на Левица најавено е обраќање на претседателот на партијата Димитар Апасиев, на независниот кандидат за градоначалник на Скопје Перо Камиказа, кој е поддржан од партијата и на носителот на советничката листа за Град Скопје Реџеп Исмаил