Денеска преседателот на Движењето Беса, истовремено и кандидат за градоначалник на Тетово на локалните избори 2021 година, Билал Касами ја посети населбата Теќе во Тетово,се наведува во партиското соопштение.
Во присуство на голем број граѓани од оваа населба, Касами вети дека за време на неговиот мандат, покрај другите заложби и прашања што ја засегаат нашата општина, ќе се посвети и на културно -уметничкиот живот во нашиот град.
Тој додаде дека во соработка со релевантни институции и странски донатори, теќето Арабати Баба ќе се ревитализира. Целта е да се збогати градот со културни и уметнички вредности.
Арабат ќе стане туристичка и културна атракција за странски и домашни посетители и ќе ја зголеми економската благосостојба на граѓаните од овој крај. Ова ќе биде реалнос само со Движењето Беса и Билал Касами.