Петтиот Скејтбординг натпревар „ONE MORE TRY Skopje" ќе се одржи денеска и утре на неколку локации низ градот.

Како што информираат организаторите, првата локација на која скејтерите ќе се натпреваруваат денеска е платото пред sалата „Борис Трајковски", каде ќе се одржи класичен „Cash4Tricks" натпревар. Висината на наградата ќе зависи од сложеноста, стилот и успешното слетување на трикот. Потоа натпреварот ќе продолжи на различни локации низ градот.

скејт

Кој ќе има уште енергија по првиот ден, дополнуваат, ќе продолжи утре во реновираниот скејтпарк во склоп на адреналинскиот парк во Карпош.

Натпреварот ќе кулминира со „BestLine" натпревар во рамки на кој скејтерите ќе имаат 45 секунди успешно да направат трикови во линија по избор на различните елементи во скејтпаркот.

Овој скејт настан се одржува еднаш годишно и е отворен за скејтери на сите возрасти. Истиот се одржува под покровителство на Град Скопје.