Во текот на попладнево, лидерот на Движењето Беса, и можен кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами одржа средба со граѓани и сопственици на продавници лоцирани на булеварот Илинден.
Лидерот на Движењето Беса, за време на дискусиите со граѓаните, ги откри и своите идеи за тоа како може да функционираат и да бидат попрофитабилни бизнисите што постојат покрај овој булевар.
Пренатрупаниот сообраќај и проблемите со паркирањето се главните пречки со кои се соочува овој дел од градот, кои директно влијаат врз работата на овие продавници лоцирани на овој булевар, рече меѓу другото лидерот на Движењето Беса, и можен кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами.
Тетово денеска е на крстопат. Време е за нова општинска филозофија, достојна за граѓаните. На Тетово му е потребен модел на општествен напредок кој обезбедува нов политички баланс, одржлив економски развој и во служба на граѓаните без разлика на нивната политичка, верска и етничка припадност.
Тетовската економија се уште има потенциjална енергија. Ние ќе го „обновиме“ моделот на економски развој и економска благосостојба преку општински проекти, капитални и странски инвестиции со цел намалување на невработеноста, особено за младите.
Ние сме за општина која ќе гарантира сигурност на инвестициите и благосостојба на тетовчаните. Каде што ќе се усогласат плановите на целните групи и различните општествени слоеви.
БЕСА