Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе го посетат село Теново, Oпштина Брвеница.

Како што соопшти владината прес-служба, предвидени се изјави по повод акцијата за пошумување на опожарените површини во атарот на село Теново.

Ќе присуствуваат и претставници од Јавното претпријатие „Национални шуми“.