Жителите на Македонска Каменица во текот на денот ќе бидат без вода за пиење. Причината, како што информираа од Јавното претпријатие „Камена Река”, е настанат дефект на главната водоводна линија.

-ПОРАДИ ОВА САКАМЕ ДА ГИ ИЗВЕСТИМЕ ГРАЃАНИТЕ ДЕКА НАШИ ЕКИПИ СЕ НА ТЕРЕН И ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ, РАБОТАТ НА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТОТ, ИНФОРМИРАА ОД „КАМЕНА РЕКА“.

Оттаму апелираат за рационално користење на водата и истата да се користи само за основни потреби