Сите инструменти и алатки, интензивно ќе ги насочиме кон водоснабдувањето и третирањето на отпадните води во нашата општина.

Покрај водоводот Патишка Река, предвидуваме изградба на водоснабдителни бунари во Долно Соње, Горно Соње, Чифлик, Св. Петка и Нова Брезница.

Продолжуваме со поголема динамика во третирањето на отпадните води со изградба на канализација за улиците 22 и 24 во Сопиште како и за населените места Ракотинци, Добри Дол, Горно Соње и Долно Соње.

Некаде направивме повеќе, некаде за жал помалку, но секогаш дадовме се од себе.

Се уште имаме потреба од асфалтирање и подобрување на инфраструктурата во нашата општина.

Во фокус е и нов план за подобрување на здравствената заштита на нашите граѓани како и изградба на трговски центар, спортска сала, детски забавни паркови и целосна нова технологија во уличното осветлување.

Тоа се само дел од новите проекти кои ќе придонесат во подобрување на квалитетот на живот на нашите жители.