ЈП Водовод и канализација – Скопје и оваа година, со свој тим предводен од генералниот директор Душко Весковски, дел од Виз Ер Скопски Маратон.

Членовите на тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје оваа година учествуваат во три дисциплини на Виз Ер Скопски Маратон - трка 5км, 21км и штафета.

„Со позитивна енергија, силна волја и добра кондиција го истрчавме и овогодинешниот Скопски Маратон и покажавме уште еднаш дека сме екипа која е подготвена за секој предизвик. Навистина сум среќен и со позитивни импресии од денешната дружба. Спортски поздрав! – посочи, Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.