Со прекинато водоснабдување денеска од 13:10 часот ќе бидат корисниците од улиците „Боградска“, „Ковачка“, „Бит пазарска“ и „Алберт Станиќ“ во Општина Чаир.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, причината за прекинот е уличниот дефект на водоводната цевка Ф100мм.на улицата „Боградска“ кај кебабџилница Тетекс пред скалите.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.