На 5 -то издание на Меѓународниот филмски фестивал Анадолија Интернатионал Филм Фестивал што се одржа онлине во септември во Истанбул, Турција, филмот „Исчезнатиот“ по сценарио и режија на Арбен Тачи ја освои наградата за најдобра фотографија.

Филмот е снимен од директорот на фотографија Владимир Самоиловски и ова e прва меѓународна награда што ја доби филмот, кој по премиерата во јуни и по два специјални настапи на Прифилм фест во Приштина и ТИФФ Ода во Тетово, се натпреваруваше во официјалната програма – категорија албански филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, Албанија.

Инаку, филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и делумно од Центарот за Кинематографија на Косово и Националниот Кинематографски Центар на Албанија.