Во Клубот на пратеници денеска ќе биде промовиран учебникот „Играта и учењето – нови концепти во раното учење“ од Лена Дамовска, во издание на „Просветно дело“.

Изданието ќе го промовира професорката Флорина Шеху, а најавено е и обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска.

Како што соопшти уредникот во „Просветно дело“, Ана Иванова, овој учебник третира низа суштински и актуелни прашања поврзани со новите парадигми во педагогијата на 21 век.

Според авторката на учебникот, тие се базирани на теоретските поставки на иновативната, партиципативната, рефлективната и критичката педагогија во однос на учењето и развојот на децата од предучилишна и рана училишна возраст. Тоа се појдовните основи за нови и посакувани промени во воспитно-образовната теорија и практика, каде што играта претставува моќна стратегија во процесот на раното учење кај децата.