Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) на чело со кандидатот за градоначалник на Град Скопје ја презентира изборната програма пред граѓани во општините Бутел и Чаир. Тој, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Елдан Џигал и носителот на листата на советници за Општина Бутел Алмира Мусиќ ветија решенија на повеќе проблеми и, како што рекоа, работа за едно поинакво во Скопје за сите нас.
-Скопје и скопјани, бутелчани и чаирчани, заслужуваат многу повеќе од ова што се прави денеска. Како млада партија, но сериозна и амбициозна, ветуваме тука пред вас и ве уверуваме дека по 17 октомври, ќе работиме напорно, вредно, и за сите вас. Во нашата програма имаме предвидено конечно сообраќајно решение за Гази баба и Бутел со нов булевар, решение со надвозник низ една од најзакрчените улици во Чаир или на „Јаја Паша“ и проширување на постоечката улица. Ќе работиме на булевар Црна Гора и булевар Хрватска со што ќе се олесни движењето низ Скопје. Ќе вложиме во нови паркови и зеленило, во хигиена на градот, во Еко полиција, бидејќи Скопје е наш дом и грижата за Скопје е во сите нас. Да галамсе за број 23, изјави Мунир Колашинац, кандидат за градоначалник на Скопје.
Од БДС најавија дека интензивно работата на терен и постојано се меѓу луѓето. БДС е прва бошњачка партија која самостојно настапува на едни избори.