Цената на природниот гас во Европа денеска повторно го собори рекордот и за првпат надмина 1.200 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците од берзата ICE.

Цената на ноемвриските фјучерси во центарот TTF во Холандија достигна 1.200,36 долари за 1.000 кубни метри или 99.99 евра за MWh.

Минатата недела, цената на гасот во Европа за прв пат во историјата надмина 1.000 долари за 1.000 кубни метри, а потоа и 1.100 долари.

Претседателот на управниот одбор на Гаспром, Алексеј Милер, претходно изјави дека силното заостанување во пумпањето гас во европските капацитети и зголемената побарувачка доведоа до рекорден пораст на цените за овој вид гориво во Европа, и се очекува дополнително зголемување во блиска иднина.