Од денеска имунизацијата против Ковид 19 ќе се спроведува во просториите на Здравствениот дом Куманово, информираа надлежните од установата.
Екипите ќе работат во две смени од 8 до 20 часот. За граѓаните достапни се вакцините „Фајзер" и „Астра Зенека" за лицата над 60 години и се врши процесот на ревакцинација со „Синовак", „Астра Зенека" и „Фајзер".
– Процесот на имунизација досега се спроведува непречено. Сменета е локацијата, односно процесот на имунизација ќе се спроведува во Здравствен дом, центарот на градот или познат како „Уред". Ќе работиме во две смени, изјави д-р Монализа Мемети од Здравствениот дом во Куманово.
Од почетокот на вакцинацијата досега аплицирани се над 80.000 граѓани. Во тек е и апликација на трета доза, наменета за лица над 60 години и за здравствени работници, за кои вели Мемети, има интерес.