Службата за борба со тероризам на грчката полиција во центарот на Атина, денеска уапси 34-годишен странски државјанин обвинет за учество во терористичката организација Исламска држава, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, лицето било лоцирано и уапсено по информациите добиени од срански служби и во соработка со Националната служба за разузнавање на Грција.

Уапсениот утре ќе биде изведен пред јавен обвинител, неофицијално, станува збор за државјанин на Ирак.