Битолчани во изминатите 4 години, со своите возила поминаа повеќе време на автомеханичар, отколку возејќи по улици. Невозможно е во градот да стигнете од една до друга точка, а да не го искршите автомобилот. Возењето низ Битола бара посебни вештини за избегнување на кратерите по искршениот асфалт.

Гарантираме брза и квалитетна патна инфраструктура. Ќе се зафатиме од првиот ден со реконструкција и изградба на нови улици. Улици кои ќе имаат и вело патеки, јасно обележани пешачки премини и семафори кои работат!

За големите артерии во градот, улицата „Стив Наумов“, (од Премиер центар до Црн Мост), улицата „Димитар Влахов“ (од Пожарна до ул. „Илинденска“) и улица „Охридска“ (од Дрвен пазар до ул. „Васко Карангелевски“) отпочнуваме со реконструкција на коловоз со комплетна реконструкција на подземната инфраструктура – тоа значи промена на водовод, канализација, улично осветлување, електрика и поставување оптички кабли.

Ќе ја реконструираме инфраструктурата и на улиците кои се во строгото централно градско подрачје: ул. „Булевар 1 Мај“, ул. „11 Октомври“, ул. „Јорго Османо“, ул. „11 Март“ и ул. „Јане Сандански“.

Како и улиците „Драгорска“ , ул. „7 Бригада“, ул. „2 “ул., „Христо Ботев“, ул. „Христо Узунов“ ,ул. „Бранислав Нушиќ“, ул. „Неготинска“ , ул. „Др.Трифун Пановски“ ,ул. „Ријечка“ ,ул. „Сутјеска“ ,ул. „Паца Ванчова“ ,ул. „7 Јули“ ,ул. „Наум Наумовски Борче“ ,ул. „Мукос“, ул. „Дебарска“, ул. „Крсте Мисирков“, предвидено е проширување на ул. „Буковски мост“ и реконструкција на ул. „Крстин Чулаковски“, ул. „Мирче Ацев“, ул. „24“, ул. „21“, ул. „Борис Стрезов“,ул. „Поречка“, ул. „Јаинци“ ,ул. „Солунска“ ,ул. „Јонче Мурџевски“, ул. „Пожаревачка“ ,ул. „Никола Тесла“, ул. „Димитар Мите -Богоевски“ , инфраструктурно ќе интервенираме и на ул. „Филип Втори“ и на ул. „Прогрес“.

Планирано е поврзување на улиците „Железничка“ со ул. „Македонска фаланга“.

- изградба на ул. „Димитар Робев“ и реконструкција на улицата која води до новите Св. Неделски гробишта.

- изградба на комплетна улична инфраструктура околу Техничкото училиште и Кеопс.

Гарантираме и изградба на инфраструктура и улична мрежа во руралните средини, во с. Долно Оризари, с. Лавци, с. Буково, населба Г. Оризари, с. Цапари, с. Кравари, с. Логоварди, с. Дихово, с. Брусник

За Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи!