Без вода денеска ќе останат корисниците од улица „Исаија Мажовски“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок ф-200/80 мм на улица „Исаија Мажовски“ 27.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување со санација на дефектот.